Барзани до Трамп: Крвта на Курдите е далеку повредна од парите и оружјата
Курдскиот лидер и поранешен претседател на курдскиот регион, Масуд Барзани, упати порака до американскиот претседател Доналд Трамп во која му пишува дека „крвта на Курдите е далеку повредна од парите и оружјата“, јавува Бас њуз.
Сириските Демократски сили (СДС) ја критикуваа одлуката на Вашингтон да ги повлече американските сили од Сирија и да даде зелено светло за турскиот воен упад во оваа блискоисточна земја.
„Почитуван претседате Трамп, ве молам, знајте дека луѓето на Курдистан секогаш си ги користеле правата што им припаѓаат. Единиците Пешмерга го уништија ИДИЛ и се ефективен дел од коалицијата против теророт“, напиша Барзани на Твитер во одговор на коментарите на Трамп. „Крвта на Курдите е многу повредна од парите и оружјата. Благодарам”, заврши Барзани со својата порака до Трамп.
Абид Ика, претставник на СДС во Курдистан, за Бас њуз изјави дека пораката на Барзани „е многу важна“, бидејќи Трамп, забележа тој, ја отвори темата за парите и оружјата, за да ја оправда својата одлука.
„Но, Барзани му кажа дека крвта на Курдите е повредна од парите”, повтори тој.
Ика, исто така, напомена дека курдскиот лидер ги разместил силите на Пешмерга во Кобани, во Сирија, кога реонот беше нападнат од ИД и „сега тој настојчиво ја повикува Русија да не ги заборави Курдите“.
Освен тоа, Ика посочи дека коментарите на Барзани се поздравени од курдскиот народ во Турција, изјавувајќи дека таа е „страшно добра“ изјава за курдската нација во Ирак, Иран, Сирија и Турција.
Ново на Сител
-
Штипскиот Економски факултет го одбележа денот на македонскиот денар
-
Националното биро за осигурување: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето
-
Се одржа Меѓународниот натпревар за сирени во Шангај | ВИДЕО
-
ВИ: „Мона Лиза“ рапува
-
УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“
-
Кари ја освои наградата „Џери Вест“
-
Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс
-
Први мај и вторитот ден на Велигден неработни за сите граѓани, а Велики петок за граѓаните од православна вероисповест