БАТ работи на развивање на вакцина против Ковид-19, производство веќе од јуни
Биотехнолошка компанија која работи во рамките на Бритиш Американ Тобако групацијата (БАТ), Кентаки БиоПроцесија (КБП), започна со работа на развивање на вакцина против новиот вирус Ковид-19, која моментно е во фаза на претклиничко испитување, се наведува во денешното соопштение на БАТ.
Доколку тестирањата покажат добри резултати, се додава во соопштението, компанијата смета дека со помош на партнерски компании и владини агенции, производството на меѓу една до три милиони вакцини неделно може да започне уште во јуни. Како што се наведува, целиот проект за развој на вакцините ќе биде исклучиво од непрофитен карактер.
За развој на вакцината користена е технологијата за забрзан раст на тутунот на БАТ, која покажа бројни предности во однос на конвенционалната технологија за развој на вакцини, бидејќи е потенцијално побезбедна затоа што не носи патогени кои можат да предизвикаат заболување кај луѓето. Според соопштението од БАТ, побрзиот развој е овозможен благодарејќи на тоа што во садниците на тутун содржината на вакцината се акумулира значително побргу. Во исто време, за разлика од традиционалните вакцини за кои често е потребно ладење, формулата која е развиена од БАТ останува стабилна на собна температура.
Бритиш Американ Тобако групацијата (БАТ), ја превзеде компанијата Кентаки БиоПроцесија (КБП) во 2014 година со цел да ги искористи своите уникатни технологии за екстракција на тутунот за развој на нова категорија производи кои, за разлика од цигарите, се лишени од процесот на согорување на тутунот. Покрај тоа, KБП е една од ретките компании кои таа година успеа да развие ефикасно лекување против еболата, се наведува во соопштението.
-Ние сме во постојан контакт со Управата за храна и лекови на САД и очекуваме насоки за следните чекори. Исто така, контактираме со Оделението за здравство и социјална помош во Велика Британија, како и со регулаторното тело на САД -БАРДА. Сакаме да го поддржиме и да овозможиме пристап до нашето истражување за да го забрзаме развојот на вакцината против Ковид-19, бидејќи тоа е предизвикувачки и комплексен процес. Веруваме дека направивме значаен чекор напред со употребата на забрзана технологија за раст на тутунот и отворени сме за соработка со владите и владините агенции кои можат да помогнат во борбата против овој вирус. KБП веќе некое време развива алтернативни употреби на тутунот, а една од тие опции е заправо развојот на вакцини. Посветени сме на поддршка на глобалните напори да го спречиме ширењето на новиот вирус Ковид-19 преку употреба на достапни технологии, изјави д-р Дејвид О’Рили, директор на научните истражувања во БАТ.
Ново на Сител
-
Боки 13 бара повторено судење за „Рекет“ - има докази со кои ќе покаже каде завршиле парите од чантата Луј Витон
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев
-
Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите
-
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп
-
Директорот на ЦИА предупредува дека Украина би можела да ја изгуби војната до крајот на годинава ако Конгресот не ја одобри помошта за неа
-
Кривична пријава за директор на ЈП „Стрежево" Битола за злоупотреба на службена положба и злоупотреба на постапка за јавен повик
-
Притвор за еден од осомничените за кражбата на сефот од маркет во Црниче