-->
-->
БББ направија р'шум во Севилја
-->

Динамо од Загреб, во среда, игра во Севилја против истоимената екипа во четвртото коло, во Лигата на шампионите, а ноќ пред натпреварот екстремните навивачи на двата тима со тепачка во центарот на градо го „најавија“ натпреварот.
Хрватскиот шампион е без победа во Лигата на шампионите, а во четвртото коло ќе и гостува на Севилја, а на трибините на „Санчез Писхуан“ ќе го бодрат точно 208 навивачи.
Навивачите на Динамо, наречени „Бед Блу Бојс“, во вторникот вечерта имале блиска средба со екстремните фанови на Севилја.
„Навивачите на Динамо беа во еден ресторан кога беа нападнати од навивачи на Севилја, по што започна застрашувачка тепачка, во која се користеа палки и столици“, раскажал за „АБЦ“, очевидец на тепачката.
„Мундо Депортиво“ пишува дека стотина хрватски навивачи кои со часови пиеле во центарот на градот започнале да кршат се околу себе, а „АС“ наведува дека „Бед Блу Бојс“ веќе ја имаат покажано својата лоша страна на шпанска почва.
Полицијата успеала да уапси неколку навивачи, а засега нема информации за повредени во тепачката. Шпанците овој меч го означија како „натпревар од висок ризик“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради празникот Велигден
-

Најстудено на Попова Шапка
-

Велики петок - најтешкиот ден во годината
-

Претседателот на Либан: Единственото решение е прекин на огнот што води кон разговори со Израел
-

РСБСП со апел за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на Велигденските празници
-

Почнува целосна примена на ЕЕС системот за влез ЕУ
-

Зеленски: Украина ќе го почитува велигденското примирје
-

На Србија ѝ се заканува губење на 1,5 милијарди евра од фондовите на ЕУ
