Бектеши: Ќе побараме да се преиспита протоколот во делот за седење на гостите во угостителските објекти
Министерот за економија Крешник Бектеши изјави дека согласно Законот за угостителска дејност нема одредба според која сопствениците, менаџерите и вработените во угостителските објекти имаат надлежност да ги легитимираат гостите.
Министерството за економија ќе упати писмо до Комисијата за заразни болести за да се преиспита делот во протоколот за работа на угостителските објекти каде е пропишано колку лица може да се послужат на една маса и дали се од исто семејство или не.
Во интервју за ТВ Сител, министерот потенцираше дека протоколот за работа на кафетериите и угостителските објекти за исхрана неколку пати беше дискутиран со угостителите кои имаа забелешки токму во овој дел.
-Што се однесува до одредбите дека на една маса може да седат двајца, или четворица, но од исто семејство, јас можам да кажам само за она што е во надлежност на Министерството за економија. Согласно Законот за угостителска дејност, келнери, менаџери или управители на угостителски објекти немаат право да легитимираат граѓани, односно гости. Тоа е регулирано согласно Законот за полиција, Законот за заштита на лични податоци и само службени лица може да легитимираат граѓани, по посебни критериуми, рече Бектеши.
Според министерот, протоколот за работа на угостителските објекти треба уште еднаш да се разгледа во детали од страна на Комисијата за заразни болести.
Во однос на инспекциските контроли министерот повтори дека инспекторите во првите десет дена од стапување во сила на новите протоколи ќе имаат задача да ги едуцираат угостителите како да се придржуваат до мерките за заштита и нема да казнуваат.
-Во моментот кога се држи физичка дистанца слободно може да седат и четворица на една маса, ова беше забелешка на Министерството за економија кога се подготвуваа протоколите, а тоа го предложивме како барање на коморите. Но, тоа е одлука на Комисијата за заразни болести, а јас како министер за економија и како член на Владата секогаш ќе давам наши препораки идеи и коментари како надлежно министерство во делот на угостителството, но ќе ја почитуваме финанлната одлука од страна на Комисијата за заразни болести за почитување на сите протоколи на кои тие се повикуваат бидејќи се најнадлежни за заштита на здравјето на граѓаните, истакна министерот Бектеши.
Ново на Сител
-
Руси поставија светски рекорд со скок со падобран | ВИДЕО
-
В недела евакуација на жителите на Ниш поради неутрализирање бомба останата од бомбардирањето на НАТО
-
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
-
За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина
-
Во март зголемени потрошувачките, станбените, автомобилските и кредитите на тековните сметки
-
Приведен 20-годишник кој бил баран со потерница поради бегство од Затворот Гевгелија
-
Боки 13 бара повторено судење за „Рекет“ - има докази со кои ќе покаже каде завршиле парите од чантата Луј Витон
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев