Македонија
25. October 2021 - 20:11

БЕСА и Алијанса ќе си дадат меѓусебна поддршка за вториот круг од локалните избори

Касами и Села заедно пртив Ахмети и Тачи во вториот круг од локалните избори. Владејачката БЕСА и опозициската Алијанса на Албанците попладнево со изјави ја потврдија соработката и ги повикаа своите гласачаи да ги поддржат кандидатите на спротивната партија онаму каде што е во трка со кандидати на ДУИ.

Меѓусебната поддршка на двете албански партии може да е клучна БЕСА да го добие Тетово и да ја смени Теута Арифи од ДУИ, додека пак, Таравари да го победи Бејта од ДУИ и да продолжи со втор мандат во Гостивар.

Прва раката ја подаде БЕСА.

Од Алијанса веднаш се согласија на меѓусебна поддршка.

Неизвесно е дали ваквата сорабтока ќе значи и промена на местото на БЕСА во владејачката коалиција имајќи пред вид дека опозицијата по првиот круг најавуваа ново владино мнозинство.

ДУИ и ДПА се договорија за меѓусебна поддршка во општини како Тетово, Теарце, Боговиње, Врапчиште, Гостивар, Струга, Чашка, па дури и во Чаир.

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи, велејки дека се работи за долгорочен договор со Ахмети. Во Студеничани каде во трка се ДУИ и ДПА најавија ќе има демократска трка меѓу нивните кандидати.