Македонија
29. May 2020 - 16:46

Бесплатниот превоз ги наполни автобусите со пензионери

Пензионерите ги наполнија автобусите на првиот ден откако ЈСП го врати бесплатниот превоз. Сликата во центарот на градот беше како некогаш порано пред појавата на вирусот. Најризичната категорија граѓани се и најчести патници во јавниот превоз. На автобуските постојки имаше голем број граѓани, претежно носеа заштини маски, но велат дистанца во автобус не се одржува.

Во секој автобус има редар кој е задолжен за исполнетост на капацитетот велат од ЈСП. Бесплатниот превоз не се враќа по нивна одлука, тоа е насока од повисоките инстанци. Автобусите сообраќаат по саботен распоред.

Скопскиот градоначалник најави укинување  на бесплатниот превоз, но само ако тоа го наложи Комисијата за заразни болести. За не почитување на мерките за заштита тој ги обвини МВР и несовесните граѓани.

Уставниот суд за поништи одлуката за ограничување на движењето на возрасните лица и од тогаш имаме ваква слика во јавниот превоз, ќе бидеме во контакт со Комисијата за заразни болести за понатамошни мерки кои ќе се преземат. Бројките на нови случаи за жал растат од две причини. Се создаде атмосфера дека вирусот е поминат и второ поради несреќните изјави на министерот за внатрешни работи и непостапувањето на полицијата. Ме загрижуваат сликите кои што ги видов вчера од отворените кафеани. Непочитувањето на протоколите ќе нè врати назад. Апелирам граѓаните да се придржуваат до мерките, не постои лекар што може да ве заштити од заразата, ако вие сами не се чувате од заразата“.

Пензионерите без да плаќаат се возат во деновите вторник, петок, сабота и недела. Од ЈСП го вратија и бесплатниот превоз за студенти.