Македонија
15. April 2024 - 21:16

Без канадерите за гаснење пожари ќе имаме тешко жешко лето

Ќе има ли капацитет државата да се справи годинава со шумските пожари ако се знае дека ДЗС остана само со еден пилот обучен за Аир тракторите. Помош и сега се бара од МВР и Армијата, кои располагаат со хеликоптери кои дополнително се опремени за гаснење. Сезоната на пожари почна многу порано од вообичаено, активни се десет, а во Селце надлежните веќе неколку дена се борат да се справат со пламените јазици. Два хеликоптери на МВР беа вклучени во гаснењето кај Селце, Тетово, но и тие не можеа до крај да помогнат и беа повлечени поради силен ветер.

Само денеска исфрлиле 50 тони вода за да го стопираат кракот кој се движел кон селото. Но, единствениот Ертрактор за кој има пилот не полета да помогне во гасењето .

Директорот на ЦУК вели службите се екипираат но проблем ќе биде доколку во брзо време не се најде кадровско решение во ДЗС.

И додека надлежните смируваат дека во моментов ситуацијата успешно се менаџира, ДЗС може да остане и без лиценца доколку не обезбеди кадар. Директорот на ДЗС алармираше колку е сериозна ситуацијата, со оглед дека и да се вработат пилоти, тие веднаш не можат да почнат со работа . според протоколите, тие треба да одат на дообучување во Шпанија или друга земја овластена од производителот.

Во моментов, на располагање се три хеликоптери од МВР и два херликоптери Ми 8/17 на АРМ, кои имаат опрема за гаснење пожари. Нетипично високите температури се причина поради која беснеат големи шумски пожари во целиот регион.