Loading Video...
Ракомет
20. August 2021 - 12:45

Без помош на навивачите пелистерци веруваат во победа против Мешков Брест

Ракометарите на Еурофарм Пелистер со нетрпение го очекуваат првиот меч против Мешков Брест во четвртфиналето на СЕХА лигата

Битолскиот тим, ќе биде домаќин на белорускиот првак во првото четввртфинално соочување закажано за утре. 

Иако составот на Мешков Брест е поголемо искуство во регионалната СЕХА конкуренција, сепак од таборот на Е. Пелистер најавуваат дека се подготвени да направат исчекор повеќе, па дури и да обезбедат место на Фајнал-форот. 

„Не го оспоруваме квалитетот на Мешков Брест, но ние се подготвуваме и веруваме во победа. Мислам дека ќе бидеме подготвени. Се работи навистина за одличен тим“, истакнува македонскиот репрезентативец Бојан Маџовски.

Пелистерци на утрешниот дуел што ќе започне од 20:15 часот, а ќе се игра во спортската сала „Боро Чурлевски“, требаше да имаат поддршка од трибините, но попладнево од клубот информираа дека здравствените власти не дозволиле, па мечот ќе се игра пред празни трибини.