Без струја повеќе делови од Скопје

Без струја денеска ќе бидат неколку општини во Скопје, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Според добиено известување од „ЕВН Македонија“ АД денеска без електрична енергија во периодот од 08 до 12 часот, ќе останат дел од корисниците од улицата „Јани Лукровски“, „ЛЛ Гурмет“, „Аутомакедонија“, „Централна кооперативна банка“, „Макпетрол“, во општина Гази Баба.
Во периодот од 09 до 14 часот, без струја ќе бидат и дел од корисниците околу чешмата и манастирот „Света Недела“ во село Кучково, општина Ѓорче Петров.
Без електрична енергија во периодот од 09.40 до 15 часот, ќе бидат дел од корисниците од Дражилово, Јаболци, Патичка Река, Осинчани, Елово, Малчиште, Црн Врв, Јаболци, „Рудопроект“, каменолом Вардар, ХПП Патишка Река.
Во периодот од 09 до 14 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците на улицата „Воин Драшкоци“ кај „СП Планет“, општина Ѓорче Петров.
Без електрична енергија во периодот од 09 до 14 часот, ќе бидта и дел од корисниците од улицата „Ремене Хаџи Панзова“, населба Драчево, општина Кисела Вода, наведуваат од РЦУК.
Ново на Сител
-

Пост од 24 часа: Придобивки и здравствени проблеми
-

Андоновски: Македонската ИКТ индустрија продолжува да руши рекорди во економијата
-

Мицкоски: Проблемот со јазиците за правосудниот испит е наследен проблем – ДУИ го носеа Законот за јазици и ги излажаа Албанците
-

Пожар во Прочистителната станица за отпадни води во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан
-

20-годишнo момче почина од струен удар во Крушево
-

19-годишно момче пронајдено мртво во стан во Битола
-

При претрес во скопско пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице
-

Во ЕУ јавен превоз секојдневно користат 10,7 проценти од луѓето, во Македонија 9,6
