Македонија
27. јуни 2024 - 21:08

Без струја повеќе места во Скопје, Битола, Тетово, Гостивар и Радовиш

Од ЕВН Македонија известуваат до ЦУК, дека во моментот без електрична енергија се:

Скопје - Ѓорче Петров и околината, Сарај, Кондово, Волково, Граничен премин Блаце и Новоселски Пат

Тетово - Џепчиште, Непроштено, Једоарце, Отуње, Сетоле, Сарачино, Желино

Гостивар - Дебреше, Врањовце Зубовце, Врапчиште, Пожаране и Топлинци

Битола - горно и долно Агларци, Добромири, Далбеговци, Трап, Будаково, Мусинци, Алинци, Трничани, Мојно, Маково, Рапеш, Орле, Долно Орехово, Румази, Паралово, Мегленце и околината.

Радовиш - Богулево, Дамјан, Бучим, Коџалија, Парналија

Тимовите веќе се ангажирани за непречено снабдување со електрична енергија во наведените реони.