Македонија
21. September 2022 - 9:38

Без вода утре дел од општина Карпош

 

Прекин во водоснабдувањето утре од 9 часот ќе имаат дел од корисниците од булевар „Партизански одреди“, крак 1, 3,5,9 и 11, потегот од улицата „Московска“ до мостот „Обединети Нации“, улиците „Демир Трајко“, „Ванчо Мицков“, „Бриселска“, „Софиска“, „Стокхломска“, „Његошева“, „Копенхагенска“, „Петар Драганов“ и „Гаврил Лесновски“. Водоснабдувањето во АД „Реплек“ ќе биде со намален притисок.

Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ –  Скопје, прекинот е поради промена на шпингла за затворач ф-350 мм во непосредна близина на мостот „Обединети Нации“.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато се до завршување со работните активности.