Македонија
18. November 2015 - 17:33

Без вода утре улиците „Прохор Пчињски“, „Самоилова“, „Војдан Чернодримски“ и „Топанска“

Поради санирање на дефект утре без вода ќе бидат корисниците на улиците „Прохор Пчињски“, „Самоилова“, „Војдан Чернодримски“ и „Топанска“.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи, прекинот е поради санирање на  уличен дефект ф-400 мм на улица „Прохор Пчински“ 18-а.

Без вода ќе биде и дел од улицата „Прохор Пчински“ и тоа од скршената џамија до Музејот на Македонија од 9:00 часот до завршување на работите.