Би Би Си: Британска влада и војска прикривале воени злосторства во Авганистан и Ирак

Владата на Велика Британија и војската прикриле веродостојни докази за воени злосторства извршени од британски војници против цивили во Авганистан и Ирак, покажа истрагата на Би-Би-Си и Сандеј Тајмс.
Во рамките на истражувањето, Би-Би-Си и Сандеј Тајмс зборувале со 11 британски истражители, кои велат дека пронашле кредибилни докази за воени злосторства.
Тие информациисугерираат дека војската била вклучена во убиство на деца и тортурата на цивилите.
Обвиненијата вклучуваат убиства, извршени од војник од елитните САС, како и смрт во притвор, тепање, тортура и сексуален напад.
Од британското Министерство за одбрана велат дека обвинувањата се „лажни“ и дека одлуките на обвинителите и истражителите се „независни“ и вклучуваат „надворешен надзор и правен совет“.
Обвиненијата произлегоа од две истраги за воени злосторства – Тимот за историско гонење во Ирак (ИХАТ) и операцијата Нортмир, која се занимаваше со Авганистан. Обете истраги завршија во 2017 година без никакви гонења.
Владата ја затвори истрагата, откако адвокатот Фил Шајтнер, кој поднесе стотици обвиненија, беше отстранет од адвокатската пракса по обвинението дека платил луѓе во Ирак за да му најдат клиенти.
Ново на Сител
-

Земјотрес во Скопје со јачина од 2,5 степени по Рихтер
-

Топло и ветровито, максималната температура до 39 степени
-

Охриѓанец му се заканувал со пиштол на сосед за паркинг место
-

Двајца малолетници тешко повредени откако се превртеле со четирицикл
-

Мицкоски: Илинден е трајна обврска да ја чуваме, развиваме и сакаме нашата татковина
-

Ангелов: Дваесетина помали пожари на отворен простор, најголем дел изгаснати
-

Двајца загинати и двајца спасени во судирот на хеликоптерите кои го гаснеа големиот пожар во Грција
-

Најтопло во Скопје, Велес и Демир Капија со 39 степени
