Македонија
22. October 2021 - 12:30

Битола: Голем интерес за трета доза

Има интерес кај битолчани за вакцинирање со трета доза. Вакцинирани се со Синовак или Синофарм, а ќе ја примат третата доза од Фајзер. Велат дека е за нивното, но и за здравјето на сите околу нив.

-Се вакцинирам поради поголема заштита.За поголема заштита сакам да примам трета доза, велат анкетираните граѓани. 

Од вакциналниот пунк во Битола велат дека одзивот е се поголем. Пред два дена биле аплицирани 140 дози на трета доза „Фајзер“, а вчера само до 9 часот 138 дози.

-Возрасните во Битола сакаат да примат трета доза, а исто така битолчани си имаа и претходно висок вакцинален интерес така очекуваме да продолжи и за трета доза. Имаме моментално во план околу 15 илјади луѓе кои што можат вакцинирани само со „Синофарм“ вакцина, првите  месеци мај и јуни кои што веќе можат да примат трета доза. Сепак не е задолжително, се знае дека е опционално на желба на пациентите, ние препорачуваме да се прими таа трета доза, но мислам дека интересот во Битола ќе продолжи да биде голем како и претходно, рече д-р Марија Димовска, раководител на вакцинален пункт Битола.

Според последната статистика на Министерството за здравство, со една доза се вакцинирани 58,8% од населението во Битола над 18 години.