Битолски превозници злоупотребувале транспорт на огревно дрво
Секторот за внатрешни работи-Битола, утврдил злоупотреби од превозници, физички и правни лица, кои вршат транспорт на огревно дрво до крајните купувачи, со не издавање на испратници за испорачаната дрвна маса која е жигосана со број и печат.
Портпаролот на СВР-Битола Сања Стаматова информира дека се преземаат соодветни мерки и активности за сузбивање на ваквите појави со поднесување на соодветни пријави до надлежното Основно Јавно обвинителство.
-Станува збор за поголем обем на утврдени неправилности, за краток временски период и затоа СВР-Битола превентивно сака да ја запознае јавноста, односно граѓаните на Битола да бидат информирани дека при приемот на огревното дрво исклучиво да бараат соодветни испратници издадени со печат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство-МЗШВ, информира Стаматова.
Ново на Сител
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети