Битолските месари и касапи го слават светецот заштитник Свети Архангел Михаил
Битолските месари и касапи денеска го слават светецот заштитник Свети Архангел Михаил.
Според востановената традиција, претпладнево претставници на организацискиот одбор на месарите и касапите од Битола присуствуваа на свечена литургија која што се одржа во црквата Свети Архангел Михаил во населбата „Довлеџик“, а напладне имаат заеднички ручек.
- Денешниот ден за нас месарите и касапите е голем ден и никогаш не го забораваме. На овој празник не фаќаме нож в рака, не сечеме ниту мелеме месо. До пладне ги држиме продавниците за месо отворени, но продаваме тоа што муштеријата ќе го одбере со очи без да сечеме или мелеме месо. Потоа одиме на свечениот ручек каде има поголем број месари и касапи кои уживаат во заедничката дружба, информираа од организацискиот одбор.
На празникот на светецот заштитник Свети Архангел Михаил, месарите и касапите од Битола уште еднаш потсетија дека иако традицијата се одржува, сепак бројот на месари и касапи постојано се намалува иако во овој занает нема ниту еден невработен. Основниот проблем, како што велат е немањето соодветни услови и програми за нивно образование или усовршување, па често се случува месарскиот занает да се одржува само во одредени семејства, од колено на колено.
Ново на Сител
-
Излезни анкети: Милановиќ убедливо го победи Приморац на изборите во Хрватска
-
Волц: Во тек се подготовки за состанок меѓу Трамп и Путин
-
До крајот на денот облачно и студено време со повремени врнежи од снег, најмногу снег има на Попова Шапка
-
Тојота се движи кон целосно враќање во Формула 1
-
Седлоски: Ќе го нападнеме трофејот во Купот на Македонија
-
Мицевски и Брдаровски заминуваат од Вардар
-
Извртен камион го затвори автопатот од Демир Капија до Смоквица
-
Студентски протести во Белград, Ниш и Нови Сад