Бизнис
28. February 2021 - 16:40

Бизнисот во Пелагонијата погоден од пандемијата

Целата шпедиција на фирмите од пелагонискиот регион веќе осум месеци е насочена кон Гевгелија, затоа што заради короната е затворен граничниот премин Меџитлија. Но, тоа ги поскапело услугите, па некои компании од Грција заради тоа сакале да прекинат со трговската размена, велат од Регионалната стопанска комора на Битола. Неколку пати биле и на состанок со грчкиот конзул преку кој бараат од грчката влада, Меџитлија да се отвори барем за камионите.

-Шпедитерите прават трошоци 500-600 километри повеќе за една тура и поскапува 300-500 евра,. Дури компании од Грција кои имаат размена трговска сакаат да прекинат. Имав два пати состаноци со грчкиот конзул состанок како комора, понеделник пак имаме состанок, со молба до грчката влада колку е значен овој транспорт, ако не за возила, барем за камионите. Ни се намали трговската размена затоа што мора да одат преку Гевгелија, рече Мирко Велковски, претседател на Регионална стопанска комора Битола.

Тој вели дека голем број микро и мали компании беа погодени од корона кризата. За новиот пакет сметаат дека не треба да биде со директна помош.

-Преку други мерки во кои даночно ќе се ослободат, камати, да можат брзо да добијат кредити, не може една мала компанија да опстане, каматите да бидат од 0-1%, да се добијат брзо кредити, кои сега ги чекаме до една година со 3,5% камата, вели тој.

Од стопанската комора бараат од Владата повеќе да се вложува во пелагонискиот регион, затоа што велат дека нема развој ако нема патна инфраструктура.

- Овој регион 20 години нема инвестиции во патната инфраструтура, економски раст, локален развој беа патна инфраструктура нема никаде. Нема автопат кој не се оправдал во историјата, дали ќе биде за 3, 5 или 8 години дека нема оправданост, не е точно, вели Велковски.

Пратениците од ВМРО ДПМНЕ, Милошоски и Мизрахи пак денеска имаа средба со битолските стопанственици со цел да видат какви се состојбите.

-Она што го кажаа стопанствениците е дека антикризните мерки не ја постигнале својата цел, односно тие давања ваучери веројатно имаа повеќе предизборна намера отколку да имаат намена да му помогнат на стопанството. Битолското стопанство во овој момент споредено со сите 30 години наназад се наоѓа во најтешка состојба, изјави Антонио Милошоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.