Бочварски: Наскоро ќе бидеме на терен за пругата кон Бугарија
Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски вели дека за стартот на активностите за продолжување на изградбата на пругата кон Бугарија се прават сите подготвителни постапки и оти наскоро ќе почне реалзиацијата.
-Наскоро ќе бидеме на терен, се прават сите подготвителни постапки и ќе влеземе во реализација и со механизација да направиме увид на градежните работи, рече денеска Бочварски, одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Струмица.
Министерот Бочварски истакна дека избраните изведувачи за првите две од вкупно трите делници на пругата, Куманово-Бељаковце и Бељакоце-Крива Паланка, ја мобилизираат својата механизација и стручните тимови за да влезат во реализација.
-Она што е важно и би сакал да информирам е дека веќе компаниите кои се избрани ја мобилизираат својата механизација и стручните тимови за да веќе влезат во реализација. Најавивме дека оваа есен ќе бидеме и на терен заедно со вас медиумите и граѓаните на почетокот на работите на најголемиот инфраструктирен проект во железничката инфраструктура од осамостојувањето на државата до денеска – со инвестиција од над 200 милиони евра, за поврзување на Северна Македонија со Бугарија. Тоа е важно заради Коридорот 8 кој е многу значаен, за бизнис секторот, да им помогнеме на компаниите утре да имаат и алтернатива да за превоз на тешкиот товарен транспорт и преку железничка пруга, изјави Бочварски.
ЈП МЖ Инфраструктура на РСМ на крајот на јули годинава потпиша договор со австриски „Штрабак“ која треба да ја заврши работата за реконструкција и доизградба на првата делница, каде од јуни 2020 година нема работа на терен, како и со турски „Ѓулермак“ за целосна изградба на втората делница. За третата делница, од Крива Паланка до границата со Бугарија, до крајот на годинава треба да биде објавен тендер за избор на изведувач.
Ново на Сител
-
Путин прогласи еднострано тридневно примирје во Украина од 8 до 10 мај
-
Кривични пријави против поранешни вработени во МВР, го оштетиле буџетот на министерството за 3.314.870 денари
-
Кривични пријави против поранешни вработени во МВР, го оштетиле буџетот на министерството за 3.314.870 денари
-
35-годишен скопјанец пријавил дека бил тепан од неговата сопруга
-
Украдено возило на АРМ оставено на автомеханичар
-
Во координирана акција запленети 283 килограми шверцуван тутун
-
Бензините и дизелот од ноќеска поскапи за два денара
-
Крводарителска акција на 30 април по повод Светскиот ден на слободата на медиумите