Бочварски: Обезбедуваме брза лента за издавање на патни документи за професионалните возачи

На сите транспортери и превозници кои вршат транспортна дејност и поседуваат сертификати за професионални возачи, во следниот период им се овозможува по брза лента да можат да ги заменат своите патни документи, истакна денеска во Штип, министерот за транспорт и врски во техничката Влада, Благој Бочварски кој имаше средба со претставниците на транспортните фирми во источниот регион.
Тој посочи дека оваа мерка беше договорена по барање на Министерството за транспорт и врски и здруженијата и асоцијациите на транспортери и превозници на Република Северна Македонија, а во соработка со Министерството за внатрешни работи.
Бочварски посочи дека во однос на дозволите, лиценците и изводите од лиценци, Министерството за транспорт и врски навреме ги замени сите потребни документи, што им се потребни на домашните транспортери за непречено одвивање на меѓународниот транспорт.
На средбата покрај министерот Бочварски беа присутни и претставници од Секторот за патен сообраќај при Министерството за транспорт и врски, Биљана Муратовска од Асоцијацијата на транспортери МАКАМ ТРАНС, Оливера Миовска од Асоцијацијата БЕСТ МОБИЛИТИ - НТА, како и претставници од Управата за јавни приходи и од Царинската управа.
Министерот Бочварски истакна дека транспортот е една од најзначајните гранки која учествува во брутодомашниот производ и од тие причини е многу значаен нејзиниот развој и одржливост. Притоа потенцираше дека Министерството за транспорт и врски секоја година ги зголемува меѓународните дозволи за транспорт.
-Драго ми е што се собравме сите денеска на оваа регионална средба за да поразговараме за сите отворени прашања во однос на транспортната дејност во земјата. Покажуваме посветеност и даваме поддршка за понатамошен развој на домашниот и меѓународниот транспорт, а доказ за тоа е решението кое го изнајдовме за обезбедување брза лента за издавање и менување на патните документи за сите транспортери и превозници кои поседуваат сертификати за професионални возачи, бидејќи транспортот не смее да застане и економијата мора да продолжи да расте. Министерството за транспорт и врски останува силен партнер на домашните транспортери, продолжуваме заеднички во обезбедување на подобри услови за функционирање на транспортната дејност, вели Бочварски.
Биљана Муратовска од МАКАМ ТРАНС истакна дека во моментов околу 200 возачи имаат потреба од итна постапка за патни исправи.
-Околу 200 возачи има кои што се сликале или треба да се сликаат за нови патни исправи и драго ми е што наидовме на разбрање од Министерството за транспорт и врски, ќе направиме списоци и ќе ги доставиме за понатамошно проследување до МВР. Имаме неколку иницијативи до Владата и до Министерството за финансии за подобрување на дејноста и очекуваме повратни одговори. Имаме многу проблеми и на европските пазари, но некако од година во година се бориме да ги подобриме условите, рече Муратовска.
Оливера Миовска од БЕСТ МОБИЛИТИ - НТА во своето обраќање истакна дека е потребно да се следат глобалните трендови во транспортот.
-Ги следиме глобалните предизвици и се залагаме за побрзо минување на границите и генерално да носиме прагматично решенија со цел да го подобриме транспоротот и работата на транспортерите, вели Миовска.
Ново на Сител
-

Љупчо Николовски повикан во полициска станица, тврди дека случајот е политички монтиран
-

Финтек револуција во Македонија: Flex Pay официјално доби лиценца за издавање електронски пари од Народната банка
-

Србија не треба да се откажува од преговорите за членство во ЕУ, нагласува потпретседателката на српскиот парламент
-

Воведени нови правила на Европската Унија за патување со миленик
-

Лавров: И покрај изјавите „ништо реално не се случува“ во односите меѓу САД и Русија
-

Казината најмалку 500 метри од училишта, забрането нивно рекамирање, од кладилниците се отстрануваат апаратите
-

Евросонг: Пет земји секогаш имаат сигурно место во финалето
-

Годишен извештај за работата на РКЕ во 2025 година: За 8,34 отсто зголемена потрошувачката на бензините во споредба со 2024 година
