Loading Video...
Балкан
25. October 2020 - 16:45

Бојко Борисов позитивен на корона, регионот и Европа со нови рестриктивни мерки

Премиерот на Бугарија Бојко Борисов е позитивен на Корона, резултатот го потврди на социјалните мрежи. 

-По направени два ПЦР тестови од денеска сум позитивен на Ковид-19. Чуствувам општа слабост, во моментов по проценка на лекарите останувам на домашно лекување, напиша Борисов на ФБ. 

Во регионот, Хрватска денеска забележа нови рекордни над 2000 заболени и ги заостри мерките во однос на собирите. 

Српскиот претседател Вучиќ денеска изрази загриженост дека државата ќе остане без болници заради се поголемиот број хоспитализирани лица.

Само вчера во светот се регистрирани нови 450.000 заболени, а од почетокот на пандемијата досега бројот на инфицирани надмина 43 милиони. 

Шпанската Влада заедно со вонредната состojба воведе и полициски час кој трае од 23 до 6 часот наутро. Ова е втора вонредна состојба во земјата од стартот на корона кризата, а се воведува откако земјата стана прва во Европа со регистрирани милион случаи. 

Рекордни над 19.600 заразени вчера регистрираше и Италија. Затоа Владата од утре ги заострува мерките. Работното време на кафулињата и рестораните се ограничува до 18 часот. Се затвораат кина, театри, фитнес-сали, базени, ски-центри, концертни сали, објекти за саеми и конференциски сали. 75% од учениците преминуваат на онлајн настава, а најстрого се препорачува и да не се оди на гости и да не се патува.