Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ
Денеска (19.04.2024) дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски и државната секретарка, Магдалена Несторовска, остварија работна средба со раководството на Регионалниот центар за гранични работи ЈУГ, по повод одбележување на една година од почетокот на мисијата на ФРОНТЕКС во Република Северна Македонија, а со цел промоција на соработката помеѓу претставниците на ФРОНТЕКС во локалниот координативен центар и одговорните старешини од РЦ за ГР ЈУГ, како и промовирање на европскиот пристап на координирање на сите заеднички активности и справување со предизвиците.
„Одбележуваме една година од работата на макеоднската полиција заедно со ФРОНТЕКС, со целд а ги одбраниме нашит еи границите на ЕУ од прилив на мигранти. Тоа успешно го правиме од 2015 до денеска. Договорот е од историска важност, тогашниот министер Оливер Спасовски ја имаше честа да го потпише со Европската Унија, и ја отвори вратата за поинтензивна оперативна соработка заснована на доверба и меѓусебно почитување”, истана Бојмацалиев во изјава за медиумите, заблагодарувајќи се до Тасевски и Несторовска за напорите кои ги направија Договорот да биде на македонски јазик и успешно да функционира во нашата држава.

„Со тоа уште еднаш покажуваме дека македонската полиција е рамо до рамо со европските полиции, заедно работиме, и од пред некое време имаме барање од други полиции да вршиме обуки на нивните службеници како се справување со миграцијата. Од земја која бараше помош од другите држави за справување со миграција, сега нудиме помош”, рече Бојмацалиев.
Ново на Сител
-

Четири лица загинаа при руски напади со разорни касетни бомби во Доњецк
-

Студентите во блокада во Србија утре со нов протест во Белград, Вучиќ најавува избори наесен
-

Нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со адмирал Викоф, нагласено значењето на партнерството со НАТО и со САД
-

Заврши руско-белоруската воена вежба на нуклеарните сили
-

Командантот на Здружената команда на сојузничките сили на НАТО во Неапол во прва работна посета на Армијата и Министерството за одбрана
-

Минчев на средба со СИГМА: Транспарентноста и ефикасноста клучни за јавната администрација
-

Руте: Многу земји-членки на НАТО не издвојуваат доволно средства за Украина
