Бојмацалиев: Пронајден e сторителот што ја оби пратеничката канцеларија на Лефков
Претходно денеска пратеникот Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ објави дека е обиена неговата пратеничка канцеларија за средби со граѓани во Кочани. Обраќајќи се до дополнителниот заменик-министер во МВР, Митко Бојмацалиев, Лефков праша дали неговото непотпишување на кадровските измени во ОВР Кочани било со цел, како што рече, да се сее страв пред стартот на изборите
Откако пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, објави дека е обиена неговата пратеничка канцеларија во Кочани, дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев попладнево во објава на Фејсбук информира дека е пронајден сторителот што обил во канцеларијата на пратеникот Лефков.
„Во врска со случајот на разбиената пратеничка канцеларија на пратеникот Миле Лефков, би сакал да ја информирам јавноста дека МВР го расчисти случајот – сторителот е пронајден“, пишува Бојмацалиев во објавата на Фејсбук.
Претходно денеска пратеникот Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ објави дека е обиена неговата пратеничка канцеларија за средби со граѓани во Кочани што, како што рече, се случува на последниот ден од кампањата за претседателските избори. Говорејќи од пред полициската станица во Кочани, Лефков се обрати до дополнителниот заменик-министер во МВР, Митко Бојмацалиев, прашувајќи дали неговото непотпишување кадровските измени во ОВР Кочани било со цел, како што рече, да се сее страв пред стартот на изборите.
Тој ги повика Бојмацалиев и техничкиот премиер да ги откријат сторителите што ја обиле неговата пратеничка канцеларија оценувајќи оти методите со закани, провалништва и внес на несигурност кај граѓаните се минато.
Ново на Сител
-
Сончево со јужен ветер
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат