Бомбардирањето на болницата во Кундуз е воено злосторство, обвини „Лекари без граници“

Меѓународната хуманитарна организација „Лекари без граници“ денеска соопшти дека постапува согласно претпоставката дека бомбардирањето на нејзината болница во Кундуз во Авганистан за време на викендот било „воено злосторство“.
Американскиот државен секретар Ештон Картер најави полна истрага за тоа дали американската армија била вклучена во нападот на болницата во кој загинаа 22 лица, но предупреди дека ќе биде потребно време да се соберат информации.
- Авганистанската влада тврди дека талибанските сили ја користеле болницата за пукање врз коалициските сили. Ваквите изјави имплицираат дека авганистанските и американски сили одлучиле да ја срамнат со земја болницата која била во полна функција, што е еднакво на признавање на воено злосторство, тврди организацијата.
Во меѓувреме ОН соопштија дека сите меѓународни хуманитарни организации веќе го напуштиле Кундуз.
Во нападот на американските воени авиони на болница на „Лекари без граници“ во Кундуз во саботата беа убиени 22 лица, а хуманитарните организации инцидентот го нарекоа воено злосторство.
Ново на Сител
-

Уписите на првачињата почнуваат во мај
-

Трамп: Денеска ќе биде потпишан договор со Иран
-

ДНК на судијата Ѓоко Ристов најдена на заѕиданите 350.000 евра
-

Уапсен сопственикот на ФК „Башкими“
-

Иран соопшти дека не е планирана нова рунда преговори со САД
-

Децата на спортски настан кај претседателката Сиљановска Давкова, им порача да ги вежбаат телото и умот
-

Кривична пријава за лице од струшко Ливада за убивање и мачење животни
-

УХМР: Посвежо и нестабилно, до среда локално невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер
