Кошарка
23. јуни 2020 - 17:45

Борче Даскаловски го презема вториот тим на МЗТ Скопје У.Б.

 
Помладиот односно вториот тим на МЗТ Скопје Уни Банка наредната сезона ќе биде предводена од Борче Даскаловски соопштија од клубот. 
 
Најмладата екипа, која минатата година се промовираше во прволигаш, добива нов тренер и тоа Борче Даскаловски кој воедно е и професорот на катедрата за кошарка при Факултетот за физичко образование, спорт и здравје.
 
Даскаловски кој минатата сезона ја мина како асистент на Емил Рајковиќ во казахстанската екипа Астана, доаѓа на местото на Горан Крстевски кој ќе работи со кадетите на аеродромци. 
 
Станува збор за поранешен тренер на Карпош Соколи, кој доаѓа на местото на Горан Крстевски, а кој ќе се врати во работата со најталентираните во младинска школа на клубот од Аеродром и тоа во селекцијата за кошаркари до 16 години.
 
Даскаловски кој своевремено како играч настапуваше за Вардар, Балкан Стил, Пелистер и Фени Индустри, како тренер има работено во Вардар и во Карпош Соколи, екипа со која настапуваше во квалификациите за Лигата на шампионите на ФИБА, а потоа и во ФИБА Еврокупот. Претходно како асистент беше во стручниот штаб на „соколите“ кога го освоија пехарот во Купот на Македонија, и во тимот кој една сезона настапи и во АБА лигата
 
Инаку Даскаловски на повеќе наврати беше ангажиран и од Кошаркарската федерација на Македонија, и во работата со  повеќе категории. 
 
Новиот тренер на МЗТ Скопје У.Б. во новата сезона ќе се обиде да оствари и некоја победа во прволигашката конкуренција, нешто што му недостасуваше на овој млад тим