Борисов и го понуди местото претседател на Собранието на лидерката на социјалистите

Лидерот на партијата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), Бојко Борисов денеска на претседателката на Бугарската социјалистичка партија (БСП), Корнелија Нинова и ја понуди функцијата прв човек на Народното собрание на Бугарија, јави БТА.
По денешната средба на делегациите на ГЕРБ и БСП, Борисов изјави дека на Нинова и го понудил местото претседател на Собранието, поради добриот изборен резултат на социјалистите на последните избори, но дека таа ја одбила понудата.
Нинова од своја страна потврди дека добила ваква понуда од Борисов.
- Добив предлог од Борисов да бидам претседател на Народното собрание, но го одбив, затоа што оние еден милиони Бухари кои гласаа за нас беа за промени и една функција нема да ги надмине принципиелните разлики, рече Нинова.
Главна тема на средбата меѓу делегациите на ГЕРБ и БСП биле претстојното бугарско претседавање со ЕУ, процесот на Брегзит и мигрантската криза. И Борисов и Нинов нагласија дека на средбата не станало збор за формирање владина коалиција меѓу нив и уште еднаш ја отфрлија таквата можност.
ГЕРБ, која освои најмногу гласови на неодамнешните предвремени парламентрани избори, од минатата недела преговара за формирање влада со коалицијата Обединети патриоти (ОП). Потпретседателот на ГЕРБ, Цветан Цветанов вчера изјави дека е поситгнат напредок во преговорите и дека до крајот на оваа недела ќе бидат утврдени параметрите кои ќе претставуваат основа на „новата стабилна влада предводена од Бојко Борисов“.
За бугарското претседавање со ЕУ, ГЕРБ утре ќе разговара и со партијата на бугарските Турци, Движењето за права и слободи (ДПС).
- Мислам дека за теми, како што се безбедноста и европското претседавање, би можеле да утврдиме заеднички цели во Парламентот..., за да може државата нормално да фукционира во текот на следните месеци и години, изјави Борисов.
Ново на Сител
-

Земјотрес почувствуван во Скопје
-

Ристески: Синдикатите да направат анализа за минималната плата што ја бараат, протестите се политикантство
-

Европол: Разбиена криминална мрежа што шверцувала кокаин од Јужна Америка во Исланд
-

Потпишан меморандум за воздухопловна соработка со Сингапур
-

Владата донесе одлука што ќе овозможи да се уреди паркирањето во Клиничкиот кампус „Мајка Тереза"
-

Мицкоски и Тошковски порачаа дека „никој не е над законот“ во случајот со запленетите 40 тони марихуана
-

Во Министерството за транспорт се одржа стручна јавна расправа за измените на Правилникот за урбанистичко планирање
-

Вештачење за „Онкологија“: Несоодветни терапии и хемотерапија во терминална фаза
