Бошковиќ: Формирањето војска е внатрешно прашање на Косово

Министерот за одбрана на Црна Гора, Предраг Бошковиќ, кој денеска престојува во официјална посета на Приштина, одби да се изјасни за трансформацијата на Безбедносните сили на Косово (ФСК) , нагласувајќи дека тоа е внатрешно прашање на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
Меѓутоа, додаде тој, Црна Гора ги почитува сите одлуки на суверените земји, а „Косово е суверена земја“.
На заедничката прес конференција со неговиот домаќин, министерот на ФСК, Рустем Бериша, Бошковиќ рече дека двете земји ќе го продолжат партнерскиот однос и дека Црна Гора ќе го помага регионот во интегрирањето во НАТО.
– Како прва земја од регионот во НАТО, ќе продолжиме да ги поддржуваме земјите од окружувањето. Црна Гора е голем заговорник на политиката на отворени врати и на интеграцијата во НАТО, но ги поддржуваме и поинаквите мислења кои постојат во регионот, изјави Бошковиќ.
Тој додаде дека цел на неговата посета е да покаже дека Црна Гора е искрен пријател на Косово, земја која сака да ги пренесе своите искуства со евроатлантските интеграции, за конечно „целиот регион да тргне по патот на интеграциите, односно севкупниот општествен напредок.
Домаќинот на Бошковиќ, министерот за ФСК Рустем Бериша изјави дека разговарале за регионалната соработка и за можностите за зачленување на неговото министерство во Јадранската повелба А5, која ја сочинуваат Албанија, Хрватска, Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, а која тежнее да им помогне на државите аспирантки да се зачленат во НАТО.
Бериша нагласи дека партнерството со Црна Гора е мошне значајно за Косово.
За време на престојот во Приштина, предвидени се средби на Бошковиќ и со претседателот на Ксоово Хашим Тачи и со премиерот Рамуш Харадинај, како и посета на седиштето на НАТО во Приштина, каде што првпат ќе биде истакнато црногорското знаме, со оглед дека Црна Гора зеде активно учество во мисијата на КФОР, со испраќањето двајца свои војници.
Ново на Сител
-

Почина бабата која беше брутално претепана од својот внук во Битола
-

Албанскиот Парламент го ратификуваше договорот за пристапување кон Одборот за мир
-

Трамп го претстави логото на Одборот за мир, слично на ОН но со повеќе злато
-

Агелер до македонските граѓани: САД секогаш ќе бидат покрај вас
-

Туск: Важно е САД да ја сфатат разликата помеѓу доминација и лидерство
-

Мицкоски пред инвеститори во Давос ги презентирал проектите „Бошков Мост“ и „Чебрен и Галиште“
-

Невремето „Хари“ предизвика огромни штети во Италија
-

Трамп по средбата со Зеленски му порача на Путин: Војната во Украина мора да запре
