Loading Video...
Ф1
10. October 2020 - 16:48

Ботас пред Хамилтон на стартот на германското Гранд-при

 
Финецот, Валтери Ботас на денешните квалификации возени на Нирбургринг, стигна до својата трета овосезонста пол-позиција и тоа пред тимскиот колега и најголем конкурент за титулата Луис Хамилтон. 
 
Зад возачите на Мерцедес, трката ќе ја стартуваат Макс Ферстапен од Ред Бул кој оствари трето време, односно Шарл Леклер од Ферари кој во финишот стигна до четвртата позиција.
 
Пред оваа трка Хамилтон е лидер со 205 бода, а Ботас е на второто место 44 бодови помалку од Британецот.