-->
-->
Божовиќ од Металург во тимот на колото
-->
Ракометарот на Металург, Јанко Божовиќ се најде во изборот на ЕХФ за идеалниот тим на второто коло во Лигата на шампионите.
Австрискиот репрезентативец во саботата го предводеше Металург до победата над кадетен Шафхаузен постигнувајќи осум голови. Божовиќ воедно се наоѓа и на втората позиција на листата на стрелцо со 18 голови, зад Кристијан Бјорнесен од Кристијанштат кој има 20.
Идеални седум за 2.коло во ЛШ во избор на ЕХФ:
голман: Рихард Капелин (Ла Риоха),
лево крило: Јонас Калман (ПИК Сегед),
лев бек: Момир Илиќ (Веспрем),
среден бек: Никола Карабатиќ (ПСЖ),
десен бек: Јанко Божовиќ (Металург),
десно крило: Кристијан Бјорнсен (Кристијанштад),
пивот: Бјарте Мирхол (Скјерн).
Уште двајца играчи од македонските екипи во ЛШ добија место од ЕХФ во категориите за најубав гол и најубава обрана.
Лука Мраковчиќ од Металург е во ТОП 5 листата за најубави голови од второто коло. Тој ја освои петтата позиција на оваа листата, додека голманот на Вардар Арпад Штербик на вчерашниот меч со ПИК Сегед имаше одбрана прогласена за четврта најдобра во оваа рунда.
фото: www.rkmetalurg.mk
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Калаc: САД сакаат кавга со ЕУ
-
Намален прометот во индустријата
-
Почина гинекологот и акушер проф. д-р Јован Јуруковски
-
Уапсен 47-годишен од с.Дражево, нападнал човек со остар предмет
-
Кривична против две лица од Кочани поради користење на туѓа дебитна картичка
-
Нападната 46-годишна жена на нејзиното работно место во Скопје
-
Кривична за 33-годишен штипјанец, нудел пари да се запали возило на друго лице
-
Трошоците на живот во јануари на годишно ниво повисоки за 4.9 %, а цените на мало за 5.2 %.