Loading Video...
Балкан
12. September 2022 - 16:41

Брдо - Бриони: Апел до ЕУ да му помогне на регионот

Земјите од регионот заеднички ќе бараат помош од Европската унија за да ја надминат тешката енергетска состојба.

Превисоките цени на енергенсите кои ги погодија сите држави беа во фокусот на лидерскиот состанок во Брдо, на покана на претседателите на Словенија и Хрватска, кои на заедничка маса ги седнаа своите колеги од Македонија, Србија, Косово, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина.

Лидерите во овој состав испратија порака дека евроспкиот пат на земјите од Западен Балкан, мора да се забрза

Проширувањето на Европската Унија придонесува за одржување на мирот и стабилноста во целиот регион, посочил и шефот на државата.

Претседателот Пендаровски потенцираше дека на земјите од Западен Балкан им е неопходен пристап до механизмите на ЕУ што поскоро, како поддршка за справување со претстојната енергетска криза, и посочи дека економската и социјалната криза може да предизвикаат повеќегодишна политичка криза и да генерираат нестабилност. Со цел да се ублажат негативните ефекти од војната во Украина, претседателот Пендаровски апелираше на засилена соработка и дијалог, информираат од неговиот кабинет.