Loading Video...
Ракомет
8. November 2020 - 15:42

Брестовац: Остваривме голема победа, но сеуште не и целта, пласман на ЕП

Машката македонска ракометнана репрезентација направи голем исчекор кон обезбедување на пласман на ЕП 2022 година 
 
Со победата над Швајцарија на гостински терен во Шафхаизен (23-25), македонските ракометари се зацврстија на второто место на табелата во седмата квалификациска група, зад фаворитот Данска. Сепак работата не е завршена до крај, смета селекторот Данило Брестовац во изјавата за порталот СПОРТМЕДИЈА
 
„Одигравме борбено во одлучувачките моменти. Остваривме голем резултат, направивме чекор до пласман на едно Европско првенство. Би било сосема погрешно ако ја гледаме целта – пласман на ЕП, а престанеме да „трчаме“, вели Брестовац 
 
Сега ракометарите ќе може да се насочат кон екипните обврски, па дури во март месец следната година одново да се соберат за двомечот со Данска. Но, реално, заверката на пласманот на европското ќе треба да ја направат на дуелите закажани на крајот на април (28-ми) на гости кај аутсајдерот Финска, односно на 2 мај кога ќе ни гостува репрезентацијата на Швајцарија