Британските лабуристи поддржуваат нов референдум за независност на Шкотска
Лабуристичката партија треба да и дозволи на Шкотска нов референдум за независност, доколку за такво нешто се изјасни шкотскиот Парламент, изјави вториот човек на најсилната британска опозициска партија, Џон Макдонел.
Гардиан пренесува дека на еден настан на фетивал во Единбург, Макдонел кажал дека лабуристите не би требало да го блокираат второто изјаснување на Шкотланѓаните за независност.
-Ние не би требало да го блокираме тоа изјаснување. Шкотскиот народ нека одлучи. Тоа е демократијата, рече Макдонел, пренесуваат британските медиуми.
Според резултатите од анкетите на јавното мислење, објавени во понеделникот, мнозинството Шкотлаѓани ја поддржуваат независноста од Велика Британија и се залагаат за оддржување нов референдум во рок од две години.
Повеќето граѓани на Шкотска беа против излегувањето на Велика Британија од Европската унија, до што дефинитивно ќе треба да дојде на 31 октомври.
Ново на Сител
-
Составот на новата влада на Мицкоски пред финален договор
-
Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува
-
Неделава Србија повторно оди на избори-за град Белград и на локални избори
-
Визер скратува летови од Скопје, компанијата се соочува со 40 приземјени авиони
-
Разрешен директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија
-
Демири: Хируршките сали се стари, Клинички ќе користи надворешни компресори додека не стигнат испитувањата
-
Пронајдени две неексплодирани гранати во Скопје
-
Тешка сообраќајка во Куманово: Две лица загинаа