Брнабиќ: Можен е и полициски час, ако се уште има толку луѓе по улиците
![]()
Српската премиерка, Ана Брнабиќ, изјави дека доколку не се почитува препораката на Владата постарите граѓани да останат дома, ниту една мерка од страна на Владата на Србија нема да донесе резултати, и да „доколку има уште толку многу луѓе на улиците“ најдрастичната мерка што ќе следи ќе биде воведување на полициски час.
Како што јави дописникот на МИА од Белград, Брнабиќ на ТВ Прва изјави дека постојат планови на пензионерите да им се помогне со тоа што пензиите ќе им се достават на раце, како и дека ќе се одложи плаќањето на сметките без плаќање на камати, но и дека и тие треба да бидат повеќе самодисциплинирани.
-Без тоа, Владата ќе си ја брка своја опашка. Доколку не се почитува решението за максимална домашна изолација, ако пензионерите, старите лица, не седат дома, беспотребно тогаш го одложивме плаќањето на сметки без камата, кажа Брнабиќ.
Таа оцени дека ситуацијата со коронавирусот „може да ја победиме сите заедно и дека сите мора да бидат одговорни“ и дека доколку не се почитуваат препораките, може да се појави „италијанско и шпанско сценарио“.
Србија од синоќа е во вонредна состојба, како мерка во борбата против коронавирусот или како што кажа претседателот Александар Вучиќ, Србија ја започна „битка за постарите лица“.
Ново на Сител
-

Утре му истекува притворoт на Јованов - Обвинителството бара да се одбие гаранцијата од 195.820 евра
-

Путин: Наскоро сите ќе возиме кинески автомобили
-

Во Франција денеска ќе бидат затворени повеќе од 400 средни училишта поради протести на учениците
-

86 кг храна годишно по жител завршуваат во отпад од македонските домаќинства - глобално пропаѓаат над милијарда оброци дневно
-

Посебен режим на сообраќај поради посетата на претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен
-

Трамп: Можно е по изборите да го засилиме бомбардирањето на Иран
-

Во Кривичен суд продолжува судењето за „Државна лотарија“
-

Кратењето средства за ОН го доведува во ризик образованието на милиони деца бегалци
