Брнабиќ: Подготвуваме писмо за ЕК во врска со Каталонија и Косово

Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека претседателот Александар Вучиќ и Владата подготвуваат писмо за Европската комисија, во кое ќе постават повеќе прашања во врска со ставот на Комисијата дека случаите на Каталонија и на Косово не можат да се споредат.
Брнабиќ по итните консултации во претседателството на Србија изјави пред новинарите дека таа ќе го предаде писмото за време на нејзината посета на Брисел на 10 и 11 октомври.
Според неа, Србија е изненадена од ставот на ЕК и со тоа што го зборувал портпаролот на Комисијата.
Меѓу прашањата содржани во писмото, ќе биде и тоа „дали меѓународното право важи за ЕУ или постои некое друго меѓународно право кое важи за сите останати земји кои не се членки на Унијата“.
- Овде има толку многу нелогичности, неверојатни и нефер работи кон Србија и нејзините граѓани. Како Влада сакавме да реагираме бидејќи тоа е од големо значење, истакна српската премиерка.
Претседателот Вучиќ изјави дека ставот на ЕК дека референдумот за независност на Каталонија е нелегален, е најдобар пример за двојните стандарди и лицемерието на светската политика. Тој вчера ја повика премиерката Брнабиќ на итни консултации по соопштението на ЕК во кое се наведува дека случаите на Каталонија и на Косово не можат да се споредат.
Портпаролот на ЕК, Маргаритас Скињас изјави вчера дека Каталонија и Косово не се случаи за споредување. На прес-конференција во Брисел, одговарајќи на прашања околу референдумот за независност на Каталонија, Скињас истакна дека Шпанија е земја-членка на ЕУ.
- Кога станува збор за признавањето на Косово, тоа е многу специфичен контекст. Тоа е повеќе работа... на резолуциите на ОН и меѓународната заедница. Многу специфичен контекст, со специфични причини, нагласи Скињас.
Ново на Сител
-

Охриѓанец му се заканувал со пиштол на сосед за паркинг место
-

Двајца малолетници тешко повредени откако се превртеле со четирицикл
-

Мицкоски: Илинден е трајна обврска да ја чуваме, развиваме и сакаме нашата татковина
-

Ангелов: Дваесетина помали пожари на отворен простор, најголем дел изгаснати
-

Двајца загинати и двајца спасени во судирот на хеликоптерите кои го гаснеа големиот пожар во Грција
-

Најтопло во Скопје, Велес и Демир Капија со 39 степени
-

Зголемена фреквенција на граничните премини Табановце и Богородица, сообраќајот се одвива непречено
-

Милошоски: Демографијата е нашата нова борба за Македонија
