Бројот на новозаразени со Ковид-19 во Европа продолжува да расте во Европа, светот близу еден милион жртви
Бројот на случаи на зараза со коронавирусот продолжува да расте низ цела Европа, додека светот се приближува до бројката од еден милион жртви од болеста Ковид-19 која ја предизвикана вирусот.
Шпанија се бори со новиот бран на заразата и има повеќе од 700.000 заразени и над 31.000 смртни случаи.
Во Германија, Институтот Роберт Кох објави дека земјата денеска потврдила уште 1.192 случаи, малку помалку од вчера (1.411). Во Германија од почетокот на епидемијата се заразени вкупно 286.000 лица.
Германските власти во петокот ги ставија соседните Чешка и Луксембург на таканаречената црвена листа на дестинации.
Чешка денеска пријави 1.305 новозаразени со коронавирусот и 15 смртни случаи поврзани со Ковид-19, и се бори со една од највисоките стапки на зараза во светот.
Италија беше првата европска земја погодена од пандемијата на коронавирусот, но денес, со помалку заразени е исклучок во Европа каде земјите секојдневно бележат рекорди во нови случаи.
Франција минатата недела регистрира рекордни 16.000, а Шпанија повеќе од 10.000 нови случаи за еден ден, додека дневниот број на новозаразени во Италија е под две илјади.
Светот, во меѓувреме, се доближува до милион смртни случаи. Според Универзитетот Џон Хопкинс, во моментов има 997.799 смртни случаи ширум светот, а најмногу во САД (речиси 205.000), Бразил (141.700) и Индија (над 95.000).
Индија денеска надмина шест милиони заразени. Само САД имаат повеќе, над седум милиони заразени.
Ново на Сител
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи
-
Мицкоски и Таравари разговарале за принципите за идно коалицирање и заедничка соработка
-
Уапсени во Косово маж и жена, руски државјани, влегле од Србија без визи
-
Зеленски до Парламентот поднесе предлог-закон за продолжување на мобилизацијата