Бронзена сабја за филмот „Златна петорка“ на Меѓународен фестивал во Варшава

Македонскиот филм „Златна петорка“ во режија на Горан Тренчовски освои бронзена сабја од стручното жири во категоријата играни историски филмови на 8. Меѓународен фестивал за историски и воени филмови кој се одржува во Варшава.
Филмот се натпреваруваше во официјална конкуренција со 70 други филмски остварувања од 18 држави.
Поради неможноста режисерот и неговиот тим да присуствуваат на Гала церемонијата по повод доделување на наградите, наградата ја прими вршителот на работи во Амбасадата на Македонија во Полска Горица Атанасова Ѓоревска.
Како што истакна во обраќањето Атанасова Ѓоревска „Златна петорка“ е еден од најнаградуваните и најгледани македонски понови филмови, кој раскажува едно трагично сведоштво од македонската историја пренесено преку слободната уметничка интерпретација.
- За Република Македонија е многу значајно учеството и наградата за македонски филм при првото учество на реномираниот полски фестивал со што се градат нови културни мостови меѓу двете држави, навела Атанасова Ѓоревска.
Меѓународниот фестивал за историски и воени филмови во Варшава беше отворен вчера, а ќе трае до 26 октомври.
Ново на Сител
-

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени
-

Ѓорѓиевски: Печатената грешка веќе е коригирана, а Скопје доби нов знак како што доликува.
-

Владата донесе одлука од денеска интервентно да обезбеди по 50.000 литри дневно бесплатна вода за пиење за граѓаните на Гостивар
-

Епидемиолозите прогласија епидемија во Гостивар
-

МЗ: Близу 350 лица викендов прегледани во Гостиварската болница со симптоми на ентероколит, три лица се хоспитализирани
-

Невреме предизвика голема материјална штета низ Словенија, десетици интервенции на пожарникарите
-

Андоновски: Во Крушево отворен 16. Центар за услуги, граѓаните добиваат непосредна поддршка и директен пристап до електронските услуги
-

Топлотниот бран продолжува до вторник, заладување и дожд од среда
