-->
-->
Брутално претепан политичкиот активист Љупчо Палевски
-->
Активистот и прв човек на движењето Трета, Љупчо Палевски се бори за живот во приватна клиника во Скопје по брутален физички напад кој се случил попладнево. Палевски бил нападнат пред својот дом од група непознати напаѓачи, мотивите не се објавени. МВР го потврдува случајот, а детали од истрагата се очекуваат вечерва. За нападот објави и неговата партија на Фејсбук од каде велат дека Палевски бил тепан од две лица со кациги, а при нападот биле користени шипки и боксирачи. Палевски беше еден од предводниците на протестите за промена на името и е политички активен во политичката партија Глас за Македонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Две лица се здобиле со тешки телесни повреди при извршување работни задачи
-
Двојно убиство попладнево во скопско Стајковци
-
Анкета на ИРИ: 68% од Македонците поддржуваат членство во ЕУ
-
„Епл“ ги претстави новите „Ајпад про“ таблети
-
„Опен-АИ“ со новости околу „Чет-ГПТ“
-
Словенец ќе биде главен судија во финалето на Лигата на шампионите
-
Гвардиола: Да беше до парите, Јунајтед требаше да ги освои сите титули
-
Разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски