Брзата хрaна не само што дебелее, туку и заглупавува

Доколку решавате крстозборки и судоку и гледате квизови надевјќи се дека ќе научите нешто ново, важно е да знаете дека секое чоколадо или чипс што ќе го изедете при тоа, може да го уништи вашиот труд.
Студијата на група истражувачи од Универзитетот во Орегон, објавена во списанието „Неуросајнс“, покажува дека храната богата со масти и шеќери може негативно да влијае на когнитивна флексибилност и на способност на луѓето за прилгодување на промените.
Студијата е изработена врз основа на истражување спроведено со лабораториски глувци, кои конзумирале храна со различни размери на масти и шеќери, а потоа морале да минат низ тестови за нивните ментални и физички функции.
Истражувачите посветиле посебно внимание на бактериите кои се наоѓаат во системот за варење на глувците од секоја контролна група.
- Бактериите можат да испуштат сосотјки кои делуваат како неуротрансмитери и да ги стимулираат нервите или имунолошкиoт ситем и со тоа влијаат на низа биолошки функции, појасни Кети Магнусон, професорка на Факултеtот за ветеринарска медицина и раководител на истражувачкиот тим на Институтот „Линус Паулинг“.
За четири дена, менаталните и физичките способности на глувците кои конзумирале храна со високи масти и шеќер почнале да опаѓаат, особено кога би се промениле една или повеќе варијабили. Како најважен фактор кој влијае на намалување на моочзните функции се идентификувани бактериите во системот за варење.
Ново на Сител
-

АХВ спроведе 1221 предпразнични вонредни контроли
-

Ѕвездата од „The Hunger Games“ уапсен поради пукање во тројца мажи во Северна Каролина
-

Пилана од Делчево нелегално сечела дрва, запленети 19 метри кубни дрва | ФОТО
-

Иран: Поради американските потези во Персискиот Залив ќе има опасни последици
-

Во Собранието расправа за продолжување на рокот на кризната состојба за нафтата
-

Трамп: Денеска разговори меѓу Израел и Либан
-

Неколку убиени при нападите на Русија врз Киев, Днепар и Одеса
-

Без вода корисници на ул. „Капиштец“
