Loading Video...
Балкан
16. November 2020 - 16:35

Бугарија најавува вето на утрешниот состанок

Македонија е држава чии корени, генеза на народ, јазик, култура и историја, е едно исто со бугарскиот народ и држава. Токму затоа немаме право на компромиси. Вицепремиерот Каракачанов објасни со кој став бугарската делегација утре пред европските министри ќе го брани ветото за почеток на преговорите.

Тоа ќе се случи кога македонските власти ќе почнат да го спроведуваат Договорот за добрососедство, вели Каракачанов. Открива дека на преговорите во Софија во вторникот и средата немало никаков напредок по отворените прашања.             

„До ден денес, јас не знам дека во четвртокот, петокот или саботата имално некаква иницијатива страна на Скопје. Понатаму, Бугарија ќе продолжи да го спроведува своето решение. ВОДИТЕЛКА: Зборувате за 17-ти и средбата на европските министри? Точно така. На средбата ќе кажеме дека Бугарија ќе продолжи со поддршката и помошта, но на 17-ти нема да дадеме согласност за започнување на преговори. Кога Договорот ќе биде исполнет како што треба, тогаш ќе дадеме согласност.”

- Бугарија мора да опстои на тврдите позиции, посебно поради стравот за идни претензии. Бугарскиот устав не признава малцинства, вели потпретседателката Јотова.

„Бугарија веќе 10-ина години се наоѓа под мониторинг од Советот на Европа по однос на тврдењата на една организација за македонско малцинство. И покрај заложбите од многу страни, тој текст и тој мониторинг и понатаму постојат. Задача на бугарските народни претставници е тој мониторинг што поскоро да се укине.”

Разочаран од политиката на официјална Софија е и поранешниот македонски премиер, кој на ФБ напиша: 

„Од времето кога за официјален јазик ја утврдија северноисточната норма на бугарскиот јазик па до денес секоја генерација на бугарски политичари успева да донесе најпогрешна одлука во поглед на Македонија. Ветото само ке биде континуитет на таквата катастрофална политика.”

Во обид да се разјсни историјата и градоначалникот на Скопје. Во телефонско интервју за бугарски медиум тој ја коментира позицијата на Бугарија да не биде третирана како држава окупатор, туку како бугарска администрација.

„Бугарија била соработувник со фашистичка Германија. Бугарската војска во Македонија поради сплет на околности се трансформирала. Мојот град загубил 5.000 жители од администраторите, како што вие ги нарекувате. Јас разбирам дека Бугарија е во предизборие, но мора да внимаваме на чувствата на соседите. Замислете, ние во кампања да користиме антибугарски позиции, недозволиво е…”

Во интервјуто, Шилегов ги нарекува „алиби за глупоста“, тврдењата на министерската Захариева дека во Македонија се води антибугарска кампања.