Бугарија објави тендер за дел од автопатот кон границата со Северна Македонија
Бугарската владина агенција „Патна инфраструктура“ објави дека денеска распишала јавен тендер за избор на изведувач за изработка на идејно-технички проект со детален распоред – план за парцела за изградба на автопатот „Ѓуешево – Дупница “.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, трасата ќе овозможи удобна врска меѓу трансевропскиот транспортен коридор „Ориент/Источен Медитеран“, по кој се наоѓа трасата на автопатот „Струма“ и границата со Република Северна Македонија. Оваа траса е дел од главната TEN-T мрежа. Се очекува автопатот да биде во должина од околу 62 километри.
Изградбата на новиот автопат, што е удвојување на дел од патиштата во Бугарија во регионот I-6 Ѓуешево – Ќустендил и II-62 Ќустендил – Дупница, ќе обезбеди брз, удобен и безбеден транспорт на луѓе и стоки, како и директна врска на градот Дупница со магистралниот пат Струма и целата автопатска мрежа во околината.
Со спроведувањето на јавната набавка во фазата на идејно проектирање, ќе бидат разгледани алтернативни решенија за реализација на трасата помеѓу граничната точка „Ѓуешево“ и автопатот „Струма“, со проектна брзина од 120 км/ч и габарит Г27, по што ќе се пристапи кон спроведување на соодветните еколошки процедури.
По одлука на надлежниот орган за животна средина, ќе може да се премине на изработка на техничкиот проект за одобрената траса, вклучително и проект за Детален развоен план. Проценетата вредност за реализација на договорот за јавниот проект е 3,1 милиони лева (1,6 милиони евра) без ДДВ, а средствата се од буџетот на Бугарската владина агенција за инфраструктура. Терминот за изработка на проектот е 150 календарски дена од датумот на склучување на договорот и го вклучува само времето на проектирање
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација