Македонија
19. јуни 2021 - 13:30

Бугарски европратеник: Македонија е бугарска

Бугарскиот европратеник и заменик претседател на партијата ВМРО БНД, Ангел Џамбаски, на социјалните мрежи го сподели официјалниот спот на партијата кој е дел од кампањата за претстојните парламентарни избори во Бугарија, во кој нагласува дека Македонија е бугарска.

-Македонија е бугарска. Факт на кој не му треба доказ. Факт што Зоран Заев го заборава кога е во Скопје. И тој се сеќава само кога ќе побара нешто. Бугарија отсекогаш ја сакала Македонија. Но, Бугарија не треба да биде уценувана! Пријателството се гради со доверба и доследност.

Вистината не може да се заобиколи, а историјата треба да ја отфрли судбината на секој предавник. Бугарија и БУГАРСКИТЕ ПАТРИОТИ ќе ја продолжат нашата битка за вистината!“, напиша Џамбаски на официјалниот фејсбук профил.