Бугарски турист загинал на албанските Алпи, властите апелираат на внимателност

Турист од Бугарија го загубил животот откако паднал во бездна при обид заедно со бегов сонародник да се искачат на планината Језерце (албански алпи).
По добиената порака од другиот бугарски турист, кој изгубил контакт со починатиот, почнала копнена и воздушна потрага. Во операцијата бил употребен хеликоптер на вооружените сили.
По неколкучасовна потрага, пронајдено е телото на бугарскиот турист.
Вчера беа спасени четворица германски туристи блокирани во истата туристичката област, Тет на албанските Алпи, северна Албанија.
Националната агенција „Цивилна заштита“ ги повикува туристите да бидат внимателни и да ги следат упатствата на специјализираните водичи за неистражени и опасни подрачја.
-Искачувањето до Језерце, од Тет, бара многу добра физичка подготовка бидејќи се потребни до 8 часа искачување на многу тежок терен и секако многу добро познавање на областа. Голем дел од странските туристи претпочитаат да се искачуваат без локален водич, наведуваат од агенцијата.
Ново на Сител
-

Сончево и топло, попладне во северозападните делови услови за ретки грмежи
-

ЦУК: Активен пожарот во Општина Арачиново, каде гори ѓубре и ниска вегетација, девет изгаснати
-

СП 2026: За два натпревара – 30.000 евра
-

Од понеделник променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд
-

Иран повторно ја затвори Ормуската Теснина
-

Еден пожарникар повреден при гаснење пожар во Визбегово
-

Уапсен 19-годишникот кој вчера прегази тригодишно девојче во Визбегово и избега
-

Граната од Првата светска војна пронајдена во Новаци
