Царовска: Голем интерес за запишување на средношколците во дуалните паралелки во Кочани
Голем е интересот и кај идните средношколци, но и кај компаниите за новите струки за дуално образование, што во рамки на кампањата „Учи паметно, работи стручно“ од наредната учебна година ќе бидат отворени во средните училишта во Кочани.
Со ваков заклучок излезе министерката за образование Мила Царовска при посетата на првиот „Отворен ден за новите средношколци“ во Кочани, што заеднички го организираа училишта и компаниите кои ќе бидат вклучени во новиот концепт за дуално образование.
– Според сите приоритети што ги утврдивме заеднички со општините, училиштата и со компаниите, подготвивме конкурс за запишување во средното образование што ја отсликува реалната потреба за струките, но и за гимназиските паралелки. Со тоа отворивме можност средното стручно образование да почне да го враќа својот сјај и да може да се презентира на еден јасен и едноставен начин. Интересот на учениците е одличен, тие можат да слушнат што се нуди за да ја изберат својата иднина преку образование кое е соодветно за нив. Би апелирала сите ученици да се запишат во средно образование согласно своите интереси и афинитети, но значајно е секогаш, самостојно или со родителите, да ги разгледаат можностите што се нудат за вработување и просперитет во оваа држава, истакна министерката Царовска.
Таа нагласи дека за да се поттикне интересот и за да се насочат учениците, Министерството за образование и наука и Владата, за сите дуални паралелки и за тригодишното образование нудат стипендии од три и пол илјади денари за девет месеци, односно во периодот на образование. Причина за тоа е што практичната настава што ќе се случува во дуалното образование во компаниите е поинтензивна и учениците од овие паралелки треба да добијат дополнителна стимулација.
Градоначалникот на Кочани Николчо Илијев изрази задоволство од интересот на учениците за дуалното образование и потенцираше дека локалната самоуправа постојано ќе дава поддршка за образовните концепти што нудат можности за економски развој на целата заедница.
Во Гиманзиајата „Љушчо Сантов“ во Кочани, освен постојната гимназиска, економско-правна и трговска струка, идните средношколци ќе можат да се запишат и во профилите за бизнис администратор и хемиско-лаборантски техничар. Во СОУ „Гошо Викентиев“ дуални образование ќе има за профилите електротехничар за електроника и телекомуникации, електротехничар енергетичар и техничар за производно машинство.
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево