Царовска: Вo понеделник ќе се знае кој ќе сноси одговорност за случајот со девојчето од „25 Мај“
- Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска изјави дека во понеделник ќе се знае кој е одговорен и кој ќе ја понесе одговорноста за случајот со 13-годишното девојче, штитеник на Јавната установа за деца со социјални проблеми „25 Мај“.
- Одговорност ќе има откако комисијата во понеделник ќе ги даде препораките и ќе постапи соодветно. Нема можност некој да се изземе од одговорност, рече Царовска вечерва во дебатната емисија Топ тема на ТВ Телма. Најави дека ќе побара одговорност од лицата кои раководат со институцијата.
Девојчето, за кое медиумите објавија дека било силувано и забременило, а потоа и абортирало, во моментов се наоѓа во Чичино село во Сарај, а со неа работат лица од Психијатриската клиника во Скопје.
Царовска нагласи дека се работи за проблеми кои се наталожени со години и оти сите институции треба да изреагираат навремено, постепено и одговорно. Информира дека веќе се работи на трансформација на големите институции во мали групни домови.
- Првите излегувања на деца од институции се предвидени за мај-јуни 2018. Специјализираните мали групни домови ќе се справуваат со оптоварени деца со социјален ризик. Се работи со посебни протоколи, со посебни специјализирани лица... Дел од луѓето се обучуваат во овој момент и се од вработените, а дел ќе бидат нови лица кои ќе се вработат, рече Царовска.
Министерката за труд и социјална политика смета дека е многу важно да се намали сиромаштијата за да нема питачење и да не се пристапува кон одземање на родителското право.
Ново на Сител
-

Бензините поевтинуваат за два денари
-

Зеленски: Украински преговарачи заминуваат во САД на разговори за прекин на војната
-

Сведок од ФЗО во „Онкологија 2“: Се бараа повеќе пари за набавка на терапија поради зголемен број пациенти
-

Русија се надева дека Трамп нема да направи „фатална грешка“ со Венецуела
-

40% од младите на 14 години веќе пушат, четири илјади пушачи годишно умираат во Македонија
-

Естонија соопшти дека руски граничари илегално влегле на нејзина територија
-

Хаос во албанскиот парламент, опозициските пратеници ја блокираа седницата
-

Кривична за 16-годишно момче од Крива Паланка за напад врз малолетник
