Цеца конечно го откри она што сите ги интересираше: Зошто и натаму е сама
Светлана Ражнатовиќ ретко заборува за својот емотивен живот, а сега призна зошто и натаму е сама.
„Луѓето постојано ме прашуваат во врска со мојот емотивен живот, за мојата приватност, а јас никогаш не сум го потенцирала тоа. Се трудам што повлечено да живеам и тој мој приватен живот аполутно да не го експонирам. Јас дури и не поднесувам ни кога Вељко и Анастасија се сликаат во домашна атмосфера и го покажуваат тој некој ентериер од куќата“, рече Цеца.
Фолк ѕвездата истакна дека за неа не е среќа само да има животен партнер.
-Јас не припаѓам на оној профил на жени кои сметаат дека мажот е среќа. Мене не ми е потребен маж за среќа. Јас го имам моето семесјтово, а тоа е она што си го сакам и градам - да имам семесјтво. Откако созреав како жена, јас чезнеев да се остварам како мајка. Родив две деца, но си родив и два најдобри пријатели за себе. За мене тоа е среќа. За мене е среќа мојот избор на професија во која уживам, вели пејачката во емисијата „Премиера“.
Ново на Сител
-
Началникот на ГШ на германската армија предупредува на сериозноста на заканата од Русија
-
Членовите на американскиот Конгрес од Демократската партија ветуваат дека ќе го одбранат УСАИД
-
МОН: Македонскиот одбор за акредитација на високото образование би можел да се реорганизира по модел на унгарскиот
-
Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Каласлари – Градско
-
Кривична против градежна инспекторка од општина Куманово
-
Маж од Свети Николе нападнал малолетник
-
За девет часа над 50 земјотреси во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос-најсилниот пет степени
-
Мицкоски: Интервенции во минималната кошница и пресметка со објективни параметри