-->
-->
Цеца на колена пред премиерот: Ве молам имајте милост за Вељко
-->
Вељко Ражњатовиќ повторно е во Црна Гора. За сите оние кои не знаат, синот на Цеца пред една година заедно со неговиот пријател Мирко Шијан, синот на пејачката Гоца Божиновска, морале да ја напуштат Црна Гора во рок од 24 часа поради нивното недолично однесување.
Вељко не ја поминуваше црногорската граница се до минатиот викенд, кога дошол на настапот на неговата мајка во еден клуб во Будва. Во градот се зборува дека Мило Ѓуќановиќ лично му дозволил престој во својата држава, но под одредени услови.
Цеца Ражњатовиќ одсекогаш познавала моќни луѓе. Така и во Црна Гора ги знае најважните, премиерот на Црна Гора на кого му се обратила за помош бидејќи сакала Анастасија и Вељко да бидат со неа во Будва. Ќерката дошла неколку дена порано со другарките, а синот морал да го чека одговорот од премиерот.
– Цеца му ветила на Мило дека Вељко постојано ќе биде покрај неа. Им рекла на пријателите да му пренесат дека нејзиниот син е свесен за последиците од неговото неодговорно однесување од минатото лето, вели соговорникот за српски Курир.
Српската пејачака долго чекала одговор од Ѓукановиќ, додека Анастасија се забавуваше во Будва, нејзиниот постар брат во Белград се нервирал поради можниот негативен одговор.
– За Вељко тоа беше голем пораз. Замислете, и мајка му и сестра му во Црна Гора, а тој не смее да дојде, а глуми голема фаца, коментира соговорникот за српски Курир.
Позитивните вести пристигнале во последен момент, но не од Ѓукановиќ.
– Црногорските власти дале одобрение дека младиот Ражњатовиќ може да дојде, но само во придружба на неговата мајка. Цеца добила и недвосмилсена порака за санкциите кои следат доколку Вељко направи некој инцидент. Нормално, ќе му биде забрането доживотно влегување во Црна Гора. И тоа е вистина, верувајте ми, вели соговорникот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЈП Градски паркинг - Скопје од утре со летно сметање за зонско паркирање
-
Лани пријавени 433 деца во судир со законот, 307 осудени
-
Во завршна фаза преговорите за новата Влада
-
АА: Ќе се повлечат од функцијата градоначалник бидејќи ВМРО-ДПМНЕ им вети законски измени
-
Обвинителството поднесе обвинение за убиството на Вања и Панче
-
Следните денови сончево и топло, во попладневните и вечерните часови локален пороен дожд и грмежи
-
До 22 јуни опасна зона на Водно, испитување на гасовод на висок притисок
-
Најмногу склучени бракови во Чаир и Липково во првиот квартал