Loading Video...
Кошарка
21. March 2020 - 18:15
Цел Фенербахче во карантин
Целиот колектив на КК Фенербахче е испратен на тестови за Коронавирус, откако некои од членовите на тимот, но и од администрацијата ги почувствувале првите симптоми на заразната болест.
„Веднаш откако беа откриени симптомите, нашиот медицински тим интервенираше и сите кошаркари и тренери се испратени во болница за да се тестираат“, стои во соопштението од клубот.
Рутинската лекарска проверка покажа дека во Фенербахче постојат потенцијални заразени од Коронавирусот.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->