Цела држава под нулата, најстудено во Берово и на Шапка -16 степени
Најстудено утрово е во Берово и на Попова Шапка со -16 степени, во Маврово се измерени -13, во Битола и Скопје -12, Штип и Крушево -11, Припеп и Струмица -10, Охрид -7 и во Гевегелија и Дојран -5 степени.
Најмногу снег има на Попова Шаопка 46 сантиметри, во Маврово 18, а четири во Крушево.
Во текот на ноќта времето беше претежно ведро и многу студено, на места со мала облачност и со слаб ветер главно од источен правец. Слично е и утринава.
Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од источен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7 степени, соопшти УХМР.
Во Скопје сончево и студено со мала облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од североисточен правец. Максималната температура ќе достигне 3 степени.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење