Чадеж: Во Скопје започнуваме нова ера на економска и политичка соработка
Бизнисмени од Србија, Македонија и Албанија денеска и утре во Скопје ќе разговараат за можностите за подобра економска соработка во регионот. Претседателот Александар Вучиќ, како и премиерите Еди Рама и Зоран Заев, ќе ја охрабрат соработката, пишуваат српските медиуми, според кои српскиот претседател во Скопје пристига со преставници на над 200 компании, јави дописникот на МИА од Белград.
-Србија, Албанија и Македонија ќе отворат нова ера на економска и политичка соработка по големиот деловен форум што утре во Скопје ќе собере околу 350 компании од Западен Балкан, а се очекуваат над 400 билатерални средби на бизнисмените, соопшти претседателот на Српската стопанска комора, Марко Чадеж.
Барањата на економијата и идејата за единствен пазар на кој компаниите би работеле многу полесно, поедноставно и побрзо, во пракса треба да ги спроведе – политиката, поради што на собирот ќе учествуваат премиерите Зоран Заев и Еди Рама и претседателот на Србија Александар Вучиќ, кои ќе потпишат неколку договори со цел да го олеснат бизнисот на нашите економии, а заедничкиот пазар да биде поконкурентен за најголемите европски и светски компании, сопштија од Стопанската комора на Србија (ПКС), која задно со Стопанската комора на Македонија и Албанија се организатори на Економскиот форум во Скопје.
Претседателот на ПКС, Марко Чадеж, посочува дека економијата на регионот пред своите политичари постави неколку важни иницијативи што треба да доведат до уште подобар бизнис на нашите економии.
-Влегуваме во целосно нова ера на стопанска, економска и политичка соработка во регионот, особено кога станува збор за овие три земји, Албанија, Македонија и Србија. Засилената соработка ќе донесе нова политичка стабилност и јасен сигнал до инвеститорите дека ова е регион на успех. Гледаме конкретни поместувања и придобивки за економијата и граѓаните и ги покануваме другите економии на ЗБ6 да се приклучат, кажа Чадеж.
Тој, исто така, најави нови проекти кои уште повеќе ќе ги поврзат економијата и граѓаните на овие три земји, како што е воведувањето единствен систем за електронска наплата на патарина што носи заштеда на пари и време и на економијата и на граѓаните.
-Ние сакаме да ги отстраниме сите бариери за слободен проток на луѓе, стоки, услуги и капитал во нашите земји, така што сите дозволи од надлежните инспекции, пазарни, фитосанитарни и други, ќе важат во сите земји, без оглед каде се издаваат. Исто така, очекуваме на границите да бидат поставени „брзи премини“ за граѓаните и економијата на Албанија, Македонија и Србија, изјави Чадеж.
Според него, една од најважните иницијативи на која ПКС инсистира е воведување на единствени работни дозволи.
-Економијата многу добро знае колку денес има проблеми со недостаток на квалитетна работна сила. За многу краток временски период ќе имаме можност граѓаните на сите три земји да имаат можност да најдат работа и да работат каде било на територијата на потписниците на овој документ, кажа Чадеж.
Скопскиот форум за регионална соработка на Западен Балкан ќе обедини компании од Србија, Албанија, Македонија и Босна и Херцеговина, како и други регионални и европски економии, како и претставници на влади, финансиски институции, универзитети, меѓународни делегации и здруженија. Најголем број компании што учествуваат доаѓаат од градежниот сектор, земјоделско-прехранбената индустрија, енергетиката, машинската, автомобилската и текстилната индустрија, туризмот, ИКТ и телекомуникациите, транспортот и логистиката.
Меѓу компаниите од Србија се Нектар, Еликсир, Алфа Плам, ФПМ Агромеханика, Млекара Шабац, НИС, Телеком, Унипромет, МИНД – Милановиќ Индустри Груп, Младост Лесковац, Нутрико Врање, Симпо, Еуротурс, Ер Србија, Коридори на Србија, Патишта на Србија, Србија Карго и други.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп