Чавушоглу: И Турција и Црна Гора го осетија пучот
Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, кој е во официјална посета на Подгортица, порача дека неговата држава ќе продолжи да ја поддржува Црна Гора како нова членка на НАТО.
Тој одржа состанокот со неговиот црногорски колега Срѓан Дармановиќ.
На состанокот е оценето дека, односите на двете земји се одлични, но треба унапредување на економската соработка што сега е на ниво на годишна трговија во висина од 75 милиони долари.
Црногорскиот и турскиот министер го коментирале и наводното влијание на Русија врз стабилноста на Балканот.
- Русија делува по принципот да се попречува ширињето на НАТО и да се ослабне или подели Европската унија колку што е можно, и од тој агол треба да се следи политиката што се води тука. Добро е познато што се случуваше во Црна Гора во октомври и која беше нејзината улога во тоа, а го гледаме, како што наведе министерот Чавушоглу, настојувањето да се пополни тој вакуум и на другите места во нашиот регион, истакна Дармановиќ.
Чавушоглу нагласи дека Црна Гора претставува стабилност за Западниот Балкан.
- После години и оваа земја се сретна со обидот за пуч, а Турција, што го доживеа тоа - најдобро ја разбира таа ситуација. Ако во регионот постои празнина, многумина ќе сакаат да ја пополнат. Поради тоа е важно членството на Црна Гора во НАТО, објасни Чавушоглу.
Ново на Сител
-
Трамп положи заклетва за претседател на САД
-
Двајца велешани физички нападнале жител на Чашка и го оштетиле возилото во кое се превезувал
-
МВР: Фатен бегалец од КПУ Затвор Идризово
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и затајување против началник во МВР
-
Кривична пријава против битолчанец за кражба на дрва
-
Си префрлила 396.234 денари од компјутерот на слот машини за да се коцка, кривична за 28-годишна Кочанка
-
Кривична пријава против двајца Турци за фалсификување исправа
-
Нови два случаи на Ковид-19, во 2025 вкупно 13 заболени