Честитка од Емил Димитриев по повод Курбан Бајрам

Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите Емил Димитриев, по повод големиот муслимански празник Курбан Бајрам, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ) реис ул улема Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи и до верниците од исламска вероисповед.
- Ми претставува особена чест, Вам лично, на членовите на Ријасетот и на сите верници од исламската вероисповед во Република Македонија, од мое лично име и од името на Владата да Ви го честитам големиот празник Курбан Бајрам. Во овие празнични моменти исполнети со молитва и силна верба, кога во кругот на семејството и најблиските го славите Курбан Бајрам, Ви упатувам искрени желби за среќни празнични денови, добро здравје, среќа, хармонија и бериќет во секое семејство, се вели во честитката од Димитриев по повод Курбан Бајрам.
Празнувањето на Курбан Бајрам, се додава, е празнување и славење на солидарноста, хуманоста и грижата кон најблиските. Курбан Бајрам претставува потсетник за секој исламски верник за правење добри дела, за почитување на семејството, комшиите и пријателите, за грижа кон оние на кои им е најпотребна помош и подадена рака, за разбирање, за смиреност и толеранција. Тоа се верски вредности, кои се присутни во секоја религија, и кои претставуваат пример за потребното човечко однесување и за вистинските морални вредности кон кои треба да тежнее секој човек без разлика на верската или националната припадност, бидејќи практикувањето на овие вредности го претставува стремежот за духовно воздигнување и афирмација на моралните вредности.
- Истовремено, празнувањето на Курбан Бајрам претставува и составен дел од традицијата во нашето општество, во кое верските посебности претставуваат дополнителна вредност и дополнително афирмирање на потребата од меѓусебно почитување и разбирање. Токму оваа традиција и овие вредности се доволен поттик и во иднина да продолжиме со добра мисла и добри дела, со меѓусебно почитување и разбирање, заеднички да работиме на унапредувањето на нашата држава и просперитетот на нашето општество, бидејќи тоа е од интерес на сите граѓани во нашата држава и од интерес за нашите идни поколенија. Нека Ви е честит големиот муслимански празник, се нагласува во честитката од Димитриев до поглаварот на ИВЗ и верниците од исламска вероисповед по повод Курбан Бајрам.
Ново на Сител
-

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства
-

Скопјанка пријавила дека малолетната ќерка била допирана од 63-годишен пријател на нејзиниот сопруг
-

Сопружници во бракоразводна постапка се тепале меѓусебно, па се пријавиле во полиција
-

Расправија прераснала во тепачка: Две скопјанки се пресметале во Аеродром
-

Го довел во заблуда и склучил договор за товарно возило од 11.000 евра, кривична за 31-годишник
-

Срамно ВИДЕО: Со комбе донесе вреќи и кутии со ѓубре и ги фрли директно во Радика
-

Мицкоски: За две години остварени околу 1,4 милијарди евра странски инвестиции, разликата со претходната влада е огромна
-

Тошковски и Клековски на средба со претставникот на УНОДЦ: Борбата против дрогата да се води со координиран пристап
